Дубровник и дел од историското јадро на градот останаа без струја, поради што се затворени повеќето објекти во најфрекветниот дел на градот.

Како што пишуваат медиумите, повикувајќи се на хрватската Електродистрибуција, станува збор за сериозен проблем за чие санирање ќе биде потребно време, и дека работниците ќе треба да го сопрат и сообраќајот во центарот, каде што треба да се замени трансформаторот.

– Системот е преоптоварен во најголем дел поради бројни клима уреди, но и поради рестораните во центалниот дел на градот – вели градоначалникот на Дубровник, Мато Франковиќ.