Лошото време и маглата во областа на планината Козара и околу градот Омарска ја отежнуваат потрагата по исчезнат спортски авион, пишува сараевскиот порталот „Кликс“.

Според АТВ, пак, во авионот имало две лица – пилот и оператор, а не три како што претходно беше објавено.

Како што дознаваат медиумите, авионот утрово летал кон Велика Кладуша, каде што презел медицински материјали за кампањата за вакцинација на лисици. На враќање, товарот требало да се фрли над Козара, но во 13:40 часот бил изгубен контактот со пилотот.

Авионот полетал од аеродромот во Маховљани утрово, а уредот што испраќа сигнал за несреќата бил активиран во моментот кога бил изгубен контакт со авионот.

Како што пренесуваат локалните медиуми, на подрачјето на Козара денес преовладувале лоши временски услови.