Видео снимки од дрон што се појавија на интернет ги покажуваат сите размери на катастрофата во северниот дел на грчкиот остров Евија.

Пожарникарите веќе седум дена се борат со катастрофалниот пожар, кој досега изгоре повеќе од половина милион хектари земја и уништи илјадници згради.

Населбите на грчкиот остров се опкружени со оган, пишува „Катимерини“, додавајќи дека ситуацијата во јужниот дел сѐ уште е мирна.

Грчките пожарникари, со помош на 200 колеги од Украина и Романија и локални жители, како и воздухопловните сили, го гаснеа пожарот на потегот Фаракла-Спатари-Каливија-трупа цела ноќ.

На помош им пристигнаа и српските пожарникари.

Видеото објавено од „Up Stories“ ги покажува размерите на катастрофата. Грчките медиуми го опишаа видеото како приказ на „библиско уништување“.