Централна и западна Србија поминаа уште еден ден во борба против поплавите и отстранување на нивните последици. Критична е ситуацијата во Сирча, каде што има починати животни на улиците.

Во општината Лучани водата се повлекла, а наредните денови ќе бидат утврдени штетите кои посебно го погодија Драгачево, каде што се случи лизгање на земјиштето. На помош на загрозените граѓани се вклучи и Армијата на Србија, на покана на Штабот за вонредни состојби и општините.

Голема е штетата и во Кралево, каде што беа поплавени повеќе од 400 куќи и згради, оштетени или целосно уништени 16 моста, сообраќајот на 20 патишта беше прекинат. Катастрофална е ситуацијата во Сирча, каде што има умрени животни на улиците. Исто така, недостигаат основни прехранбени продукти, јавува репортер на ТВ Прва.




Дожд и поплави ја заматија реката Рашка и поради тоа постројката за филтрирање на „Водовод и канализација” работи со само половина од капацитет за преработка на сурова вода, поради што жителите на повисоките делови на Нови Пазар вчера без вода.