Врховниот касационен суд на Романија денеска го ослободи поранешниот премиер, социјалдемократот Виктор Понта, од обвиненијата за лажни изјави, соучество во даночни измами и перење пари во случајот „Турчени – Ровинари“.

Од истите обвиненија беше ослободен и поранешниот сенатор и министер од редовите на Социјалдемокртската партија, Дан Шова.

Решенијата на Судот не се конeчни и може да бидат обжалени.

Поранешниот директор на енергетскиот комплекс „Турчени”, Думитру Кристeа беше осуден на четири години затвор по обвинението за злоупотреба на службената положба, а поранешниот директор на енергетскиот комплекс „Ровинари”м Лауренциу Чурел беше ослободен од истото обвинение. 

Понта беше обвинет дека во период од октомври 2007 година, до декември 2008 година преку својата адвокатска фирма добил од здружението „Шова и партнерите” 181.439 леи (39.106 евра) за фиктивни активности, кои не биле извршени.

Обвинителите од Националната дирекција за борба против корупцијата бара затворска казна за Понта и Шова.

Виктор Понта, кој ја предводеше Владата од 2012 до 2015 година, стана првиот романски премиер од падот на режимот на Николае Чаушеску, што беше изведен пред суд за време на неговиот мандат.