Шефот на грчката дипломатија Јоргос Катругалос по повод изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за можноста Аја Софија, која е музеј да се пренамени во џамија, ја оцени како навреда не само за христијаните туку и на меѓународната заедница.

– Секој спор за овој статус не е само навреда за христијанските чувства, туку и навреда на меѓународната заедница и меѓународното право. Сакаме да се надеваме дека исправните изјави на турското раководство од 16 март ќе се применат и нема да има промена на нејзиниот статус- посочи Картугалос.

Тој додаде дека Аја Софија со векови била најголема христијанска црква и оти е на списокот на УНЕСКО како светско културно наследство.

Византиската црква Света Софија е изградена во 537 година, а во џамија е претворена во 1453 година, за време на Отоманското царство. Потоа во 1935 година е претворена во музеј.