Четири лица загинаа и две беа ранети во оружен судир на плажата „пулај“ во познатото туристичко место Велипоја во северниот дел на Албанија, што ја потресе албанската јавност.

Поделбата на сопственоста над песочните плажи каде што се поставени лежалки, помеѓу два хотела, оддалечени 50 метри еден од друг, претставува причина за конфликтот, како што соопшти директорот на полицијата во Скадар, Нико Брахимај.

Жртвите се на возраст од 20, 25, 38 и 59 години, а двајца од нив се браќа. Повредените се на 17 и 54-годишна возраст.

Оружената пресметка негативно влијае врз угледот на Албанија токму на почетокот на туристичката сезона, според албанските медуми.

По оружениот инцидент, остро реагираше албанскиот претседател Илир Мета, посочувајќи дека „плажите и центрите на не заслужуваат да личат на боиштата на Дивиот запад“.

Тој вели дека станува збор за шокантен настан што бара целосно истражување на околностите и причините што довеле до жртви.