Комисијата на италијанскиот Парламент што водеше истрага за смртните случаи на војници на Армијата на Италија во воени мисии во странство, на Комисијата на српското Собрание за испитување на последиците од нападите на НАТО врз некогашна СР Југославија, ќе и достави документи за влијанието на употребата на бомби со осиромашен ураниум.

Претседателот на српската собраниска Комисија, Дарко Лакетиќ, по денешната средба со претставниците на италијанскиот Парламент преводени од Џан-Пјеро Скану, изјави дека тие документи содржат докази за последиците врз здравјето на населението, како и за загадувањето на животната средина со осиромашен ураниум.

Лакетиќ информира дека членовите на италијанската Комисија ќе бидат консултани во српската истрага, како и дека им ги понудат услугите на нивните правни тимови.

Тој најави дека двете комисии ќе достават барање до ЕУ за доделување финансиска помош за спроведување целосна анализа за контаминацијата на животната средина, како и за асанација на последиците од загадувањето на оние места каде што таа би била потребна.

– Договоривме да настапуваме заедно и да бараме дополнителна помош од ЕУ за лекување на заболените лица во нашата земја- изјави Лакетиќ.

Скану, од своја страна, изјави дека „формално е препознато и признато“ дека од последиците на осиромашениот урениум настрадале над 400 лица, а од азбестот 1.200.

– Доколку се вклучат и другите причини, како што е влијанието на тешките метали, станува збор за 2.000 починати и 7.000 заболени- нагласи Скану.