Триесет и петгогодишната Британка Наталија Кристофер, која исчезна во понеделникот наутро на грчкиот остров Икарија, попладнево беше пронајдена мртва. Нејзиното тело било пронајдено во бездна длабока 20 метри, во непрооден планински терен во областа Караме, Агиос Кирикас.

Според првичните информации, таа била поклопена од карпа што паднала врз неа, а била пронајдена по сигналот од нејзиниот мобилен телефон. Како што пренесуваат грчките медиуми, најверојатно станува збор за несреќен случај, откако Наталија сакала да се качи на карпата.

Наталија била на одмор со својот партнер во Икарија. Тој пријавил во полиција дека исчезнала откако не му одговарала на телефонските повици неколку часа откако отишла да трча.