Хрватска

Народниот правобранител на Европската Унија почна истрага за наводниот неуспех на Европската комисија да ги заштити правата на мигрантите и бегалците што се жалеа дека хрватските полицајци ги малтретирале и ограбувале на границата.
Народниот правобранител на ЕУ го истражува и потенцијалното учество на извршните органи на ЕУ за лошо управување со средствата што требало да бидат потрошени за надзор на полициските службеници. Постојат голем број обвинувања за агресивно однесување на хрватската полиција кон мигрантите на границата со Босна и Херцеговина, пренесува „Танјуг“.
Хрватска постојано ги отфрла обвинувањата, а во октомври поведе и истрага за да ги отстрани сите сомневања за малтретирање на мигрантите.