Грција

Од вчера во Грција ќе биде задолжителна вакцинацијата за работници во одредени сектори, а ќе стапат во сила и новите мерки за затворените установи. Грчката влада донесе одлука за воведување задолжителна вакцинација за здравствените работници и персоналот во домовите за стари лица, рече премиерот Киријакос Мицотакис.
Од 1 септември вакцинацијата ќе биде задолжителна за здравствените работници, а вработените во домовите за стари лица треба да се вакцинираат најдоцна до 16 август. Оние што не се вакцинирани ќе бидат привремено суспендирани од работа – предупреди Мицотакис.
Грците, исто така, планираат од вторник да вакцинираат млади луѓе на возраст од 15 до 17 години со вакцината „Фајзер“.
Од вчера во Грција само вакцинираните ќе имаат право да влегуваат во затворени места, како театри, спортски сали и забавни простории. Затворените ресторани, кафулиња и барови нема да дозволат влез за оние што не се вакцинирани.