Меѓународното поморско право не може да се носи со географијата, историјата и со политиката. За да избегнат војна, Анкара и Атина мораат да ги сослушаат другите држави

Островот Кастелоризо би можел да биде повод за војна, иако повеќето луѓе не би знаеле да го пронајдат на мапа, пишува „Блумберг“. Спротивставени страни би биле Грција и Турција кои официјално се сојузнички во НАТО, но всушност се и ривали уште од распадот на Отоманската империја. А војната би била, не толку поради островот, туку поради водите на Средоземното Море и правото на експлоатацијата на нафта и гас.

Кастелоризо е остров со неколку стотици жители кој и припадна на Грција по Втората сетска војна, иако е во близина на турското крајбрежје. Но, ситуацијата ја закомпликува прашањето кој ќе добие право да го истражува тој дел од морето – Грција или Турција? Грција полага право на поголемиот дел од овие води, цитирајќи ја конвенцијата на Обединетите нации за поморското меѓународно право, која важи од 1994 година. Според УНЦЛОС, државите имаат суеверенитет на 22 километри (12 наутички милји) од нивното крајбрежје. А следните 22 километри се сметаат за „територијално море“. А воспоставувањето на „ексклузивна економска зона“ е можно и на 200 наутички милји од крајбрежјето.

Грците кои се потписници на УНЦЛОС и тврдат дека Кастелоризо треба да им овозможи и право на водите што се 200 наутички милји кон југ, што навлегува во екслузивната економска зона која Турција ја посакува. Турција, која не е потписничка на УНЦЛОС, не е задоволна од грчкиот план. Но, сепак, се очекува таа да го почитува обичајното право.

Прашањето за Источен Медитеран претставува тежок случај бидејќи и т.н. „устав на океаните“, како што е познат УНЦЛОС, наидува на ограничувања. А најлошата разврска за спорот претставува решавањето со сила. За Европа би било најлесно да ја поддржи Грција како членка на ЕУ, но треба да се истакне дека Турција во одредена мера има право кога се жали дека грчката позиција за Кастелоризо е максималистичка. А пресекувањето на турската економска зона врз основана УНЦЛОС се чини нефер. За да биде избегнат конфликтот Западот треба да му даде понуда на Реџеп Таип Ердоган. Како инспирација за решението може да послужи искуството од Втората светска војна, кога Франција и Германија во 50-те години на минатиот век ги ставија индустриите за јаглен и челик под заеднички авторитет, што им гарантираше заеднички успех и придобивки. А во сегашниот случај, нафтата и гасот би можеле да ги заменат јагленот и челикот, заклучува Блумберг.