Жалбениот совет на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови за утре (20 март) го закажа изрекувањето на пресудата по жалба во предметот обвинител против Радован Караџиќ.

Поранешниот лидер на босанските Срби е обвинет по две точки за геноцид, по пет точки за злосторства против човештвото и по четири точки за кршење на законите и обичаите за војување, кои ги извршиле српските сили во текот на оружениот судир во БиХ од 1992 до 1995 година.