Израел гради одбранбен ѕид од девет метри на северната граница со Либан за да ги спречи нападите од шиитското движење Хезболах.

Самиот ѕид е висок сеудм метри, а бодликава жица е на врвот.

– Главната закана на Хезболах се ракети и нападите во Израел, изјави висок изралски функционер..

Израел во 2006 година ја почна 33-дневната војна против Хезболах , а борбите се водеа низ територијата на Либан. Оттогаш двете страни одржуваат несигурно примирје.

Согласно планот на Израел, во следните две години со ѕид ќе бидат опфатени сите 130 километри граница со Либан. проектот ќе чини околу 406 милиони евра.