Хрватска

Хрватската полиција ги предупреди граѓаните дека сомнителни лица се претставуваат како активисти на цивилната заштита и бараат да влезат во домовите за да извршат заштита на просторот, но целта им е да украдат вредни предмети. Во Загреб двајца измамници, маж и жена, носеле заштитни маски и сина облека, а со лажен идентитет собирале податоци за лицата на одделни адреси. Најчеста цел се старите лица, кои им веруваат на измамниците. Од полицијата апелираат до граѓаните да не им отвораат на ненајавени гости и за секој сомнителен случај да се јават на телефонскиот број 192.


Медицинска сестра ограбена во трета смена!

Медицинската сестра Анита Радовиќ Мишиќ, по работата во трета смена во здравствена установа во Загреб, останала без својот автомобил. Таа во неделата била ноќна смена, а наредното утро, пред да се случи земјотресот, забележала дека го нема нејзиниот „голф“, кој бил оставен на блиското паркиралиште.
– Ја завршив смената и тргнав дома. Работев 12 часа, а утрото доживеав шок. Поради земјотресот останавме подолго на работа, а мојот автомобил го немаше. Пријавив во полиција, но не се надевам дека ќе го пронајдат крадецот. Од автомобилот сѐ уште имам неисплатени рати – изјави таа за „Јутарњи лист“. Весникот објави информација дека полицијата го открила крадецот на автомобилот.