Косовскиот парламент изгласа нова влада која ќе ја предводи лидерот на Самоопределување, Албин Курти. Новата влада ќе има 15 министерства, од кои две и припаднаа на Српската листа.

Четири месеци по одржувањето на вонредните парламентарните избори на Косово и Метохија избрана е новата влада во Приштина.

Предложените министри положија заклетва.

Новите министри од редовите на Демократскиот сојуз на Косово ќе бидат Антон Ѓуни – министер за одбрана, Љумир Абиџику – министер за инфраструктура, Бесијан Мустафа – министер за замјоделство, Хикмете Бајрами – министер за образование, Агим Вељију – министер за внатрешни работи, Вљора Думоши – министер за култура, младина и спорт.

Движењето Самоопределување ќе има исто така шест министри: за надворешни работи Глаук Коњуфца, за правда – Аљбуљена Хаџи, за финансии – Бесник Бисљим, за економија – Розета Хајдари, за здравство – Арбен Вити, за европска интеграција – Бљерим Река, како и министерството за управа – Емилија Реџепи.

Од редовите на Српска листа во приштинската влада се Далибор Јевтиќ – министер за повраток на заедницата и Иван Милојевиќ – министер за регионален развој.

Претходно денеска, Курти најави дека во целост е подготвен да води дијалог со Белград. Косово, како што рече Курти, на основа на меѓународниот закон и право, ќе подготви тужба против Србија за воени злосторства, геноцид и агресија.