По една година и два месеца судење, беше донесена нова неправосилна пресуда во окружниот суд во Загреб за поранешниот премиер и претседател на ХДЗ, Иво Санадер, и директорот на унгарскиот МОЛ, Злот Хернади, поради прифаќање, односно давање мито во аферата „Ина-МОЛ“. И обајцата се прогласени за виновни.

Освен за примање мито од 10 милиони евра за да им ги предаде правата на управување во „Ина“ на Унгарците, поранешниот премиер е обвинет дека со Хернади договорил издвојување на нерентабилниот дел од бизнисот со гас во „Ина“.

Ако пресудата стане правосилна, на барање на Обвинителството, тој ќе треба на државата да ѝ врати 10 милиони евра.