Иако во просек се раѓаат 1,5 отсто повеќе машки отколку девојчиња, главниот град на Србија има недостиг од мажи. Гледано низ бројки, во Белград има дури 96.674 жени повеќе отколку мажи

Во српскиот главен град има најмалку 96.647 жени што немаат партнер, а некои од причините за тоа се што мажите често мигрираат, млади умираат, а жените во сѐ поголем број се доселуваат во престолнината, пишува Танјуг.
Демографи и аналитичари во шега велат дека статистиката е како бикини, покажува сѐ, а ништо не открива.
На разликата влијае тоа што дамите во просек живеат подолго од мажите. Но значаен фактор се миграциите. Иако во просек се раѓаат 1,5 отсто повеќе машки отколку девојчиња, главниот град на Србија има недостиг од мажи. Гледано низ бројки, во Белград има дури 96.674 жени повеќе отколку мажи.
Според податоци на Секретаријатот за управа, во Белград има 52,8 жени и 47,2 отсто припадници на посилниот пол.
– Мажите се тие што најчесто се во потрага по работа и подобар живот и поради тоа одлучуваат да го променат местото на престој. Во голем број случаи одат во странство – е едно од објаснувањата.
Според експерт од Институтот за општествени науки, фактор што влијае врз диспропорцијата мажи-жени е и што мажите во голем број умираат или насилно страдаат во помлади години од животот.

Просечна старост на жител на Белград е 41,2 години. Кај понежниот пол таа изнесува 42,6 години, додека мажите се „помлади“ – со 39,7 години во просек. По домаќинство имаат 2,7 члена.
Статистиката открива и поразителни бројки дека главниот град на Србија во однос на живородени и починати секој месец губи над 600 жители.
Од јануари до април 2018 година во Белград починале точно 8.429 граѓани. Во исто време се родиле 5.882 бебиња.
Сепак, во изминатите десет години, со вештачка миграција од внатрешноста бројот на жители на Белград е зголемен за над 220.000.
Дури 35 отсто повеќе жени отколку мажи се доселиле во престолнината од внатрешноста на Србија, БиХ и на Црна Гора.
Кризата се чувствува и во семејството, па, така, во 2016 година се склучени 9.030 брака. Во исто време се развеле 2.401 двојка. Немажени и неженети се 27 отсто од популацијата на главниот град.
Што се однесува до бројката од 96.674 полнолетни дами без партнер, таа во стварноста е многу поголема. Нема секоја жена или маж по автоматизам свој партнер. Има голем број мажи што сакаат други мажи, што е поголем број отколку што жени сакаат жени.
Жените во Белград живеат 77,5 години и просечно во пензијата може да уживаат барем 15,5 години.
Кај мажите е многу лошо. Мораат да работат до 65-та година. Просечно живеат 72,6 години, што значи во пензија се само 7,6 години, односно двапати помалку време од жените.
Според анализа на таа референтна установа, моментно во Белград има 1.724.00 луѓе. Од таа цифра, 910.337 се жени и 813.663 се мажи.