Директорот на белградската Универзитетска детска клиника, докторот Зоран Радојичиќ, кој беше прв на избората листа на Српската напредна партија (СНС) на изборите за членови на градското Собрание на Белград, денеска е избран е за нов градоначалник на главниот град на Србија.

На седница на градското Собрание, за изборот на Радојичиќ гласаа 67 од вкупно 110-те одборници. За заменик градоначалник е избран досегашниот градски менаџер Горан Весиќ.

Новиот белградски градоначалник, во експозето истакна дека негов сон е главниот град на Србија во наредните четири години да прерасне во вистинска модерна европска престолнина.

Радоличиќ е специјалист за детска урологија и професор на Катедрата за хирургија на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Белград.

Досегашниот белградски градоначалник Синиша Мали минатата недела беше избран за министер за финансии на Србија.

Локалните избори во Белград, на кои убедлива победа оствари коалицијата на СНС, се одржаа на 4 март, а крајниот рок за избор на градоначалник истекнуваше в сабота, на 9 јуни.