Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) објави дека утрово е регистриран земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала во Источниот Медитеран.

Центарот наведува дека епицентарот бил на длабочина од 60 километри, 298 километри источно од Хераклион во Грција и 139 километри југоисточно од островот Карпатос.

Истовремено, грчки „Катимерини“ објави дека земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово југоисточно од Карпатос.

Ројтерс пренесува дека земјотресот бил почувствуван во Каиро и други градови во Египет.