Земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала во 1.26 часот изутринава ја погоди Романија. Епицентарот бил 153 километри северно од главниот град Букурешт.  Земјотресот бил на голема длабочина (140 километри).

Нема информации за повредени лица или материјални штети.