Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Албанија.

– Одделот за сеизмологија на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија регистрираше земјотрес со средна јачина на 6 декември 2020 година, во 7 часот и 19 минути, со епицентар на 28 километри северно од Драч. Јачината на земјотресот беше 4,4 степени по Рихтер – соопшти Сеизмолошкиот институт.

Според прелиминарните податоци за обработка, епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од 16 километри.