Земјотрес со интензитет од 5,1 степени по Рихтеровата скала, ја погоди попладнево централната област на БиХ и се почувствува и во Сараево.

Земјотресот бил регистриран во 15:13 часот по локално време, а епицентарот се наоѓал на 85 километри северо-западно од Сараево, поточно, на 14 километри од Турбе, во централна БиХ, пренесе „Клих.ба“.

Цивилната заштита на кантонот Тузла соопшти дека засега нема извештаи за жртви или материјална штета врз објекти.

Земјотресот се случи на длабочина од пет километри.