Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран нешто по полноќ во северозападниот дел на Турција, соопшти Европско-средоземноморскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на потресот бил на околу 15 километри северно од градот Болу и на 147 километри северозападно од Анкара, на длабочина од два километра.

Нема информации за евентуални повредени и причинета материјална штета.