Земјотрес со сила од три степени по Рихтер е забележан во југозападна Бугарија, на бугарско-грчката граница, соопшти денеска Институтот за геофизика, геодезија и географија при бугарската Академија за наука.

Земјотресот се случил во 15:20 по локално време, а епицентарот бил на 22 километри од Сер во Грција и 23 километри од Петрич во Бугарија, на длабочина од четири километри, пренесуваат бугарските агенции.

Засега нема податоци за материјална штета.