Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 08:09 часот во Босна и Херцеговина.

Земјотресот бил со епицентар во близина на Босанско Грахово, јавуваат медиумите во БиХ.

Според хрватскиот портал Индекс.хр, земјотресот бил почувствуван и во Далмација.

– Нè разбуди прилично силен удар, ѕидовите и плакарите се тресеа, а потоа малку се нишаше неколку секунди. Тоа воопшто не беше пријатно чувство – напиша читател на порталот од Каштел.

Босанско Грахово се наоѓа на околу 80 километри од Сплит.