Земјотрес со јачина од 3,1 степен синоќа ја погоди Албанија, а потресот бил почувствуван во западните делови на нашата земја, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот се случил во 23 часот и 15 минути, со епицентар на 115 километри југозападно од Скопје во соседна Албанија.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 3,1, а бил почувствуван од населението во западните делови на нашата земја со интензитет од III степени, според Европската макросеизмичка скала.