Во подрачјето коешто беше погодено од земјотресот во Грција, во моментов има проблеми со електричната енергија и телефоните, јавуваат локалните медиуми.

Засега нема информации за повредени лица и материјална штета, но потврдено е дека во некои делови од централна Атина нема струја, а проблеми постојат и со мобилните телефони и фиксните линии.

Компаниите апелираат до корисниците да ги употребат интернет сервисите како што се Вибер и Скајп бидејќи линиите се презафатени.

Според податоците, земјотресот со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала се случил околу 14 часот, Епицентарот е на 23 километри од Атина на длабочина од 13 километри.