Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтерова скала бил регистриран во 16.16 часот по локално време во морскиот дел, на 28 километри југоисточно од грчкиот остров Родос.

Еден час подоцна, регистриран е уште еден земјотрес, но во близина на островот Санторини, со интензитет од 4,1 степен.

Податоците за јачината на двата земјотреса се од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, а засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.