Чешкиот претседател Милош Земан ги негираше обвинувањата дека тој, како премиер на чешката влада, испратил бомбардери на НАТО во Белград и Србија поради Косово.

Во интервју за телевизијата на чешкиот таблоид „Блеск“, тој потсети дека Чешка последна дала согласност за бомбардирање на СР Југославија и тоа под услов да бидат бомбардирани само воени цели.

Како прво, јас не испратив бомбардери кон нив, одговори Земан на прашањето од еден гледач дали за време на неговата посета на Белград минатата недела тој им се извинил на Србите што им испратиле бомбардери за да убиваат цивили, да уништат инфраструктура и болници.

-Тие беа испратени од командата на НАТО, но, за волја на вистината, беше потребна согласност од сите земји членки. Тогаш бевме нова членка на НАТО, околу три недели. И бидејќи никој не ни се придружи, ние бевме последни, повторувам последни, многу по полноќ, кој долго време се двоумеа дали да го дадат својот глас, потсети чешкиот претседател кој зборуваше како во 1999 година тој како премиер одлучувал дали да ја одобри операцијата на НАТО, или, пак, да стави вето.

Земан денес потсети дека НАТО пред операцијата во СР Југославија уверувал дека ќе бомбардира исклучиво воени цели.