Грчкото Министерство за финансии денеска донесе одлука за олеснивање на контролата на капиталот, со тоа што реши да го зголеми лимитот за повлекување средства од банките во Грција од страна на физичките лица од досегашните 2.300 на 5.000 евра месечно.

Со одлуката, како што јави АНА-МПА, исто така сумата на пари во готово што едно лице може да ја изнесе од Грција е зголемна на 3.000 евра, а лимитот за банкарски трансфери во странство се зголемува на 4.000 евра на месечно ниво.

Покрај ова се олеснува и постапката за финансиски трансакции со странство на правните лица, а висината на дневните трансфери на една компанија се зголемува на 40.000 евра.

Извори во Министерството за финансии најавуваат дека наскоро би можела да биде донесена одлука за целосно укинување на контролата на капиталот.