Во Бугарија од вчера почна кампањата за изборите за претседател и потпретседател и за новото национално собрание, закажани за 14 ноември 2021 година.
Кампањата за парламентарните избори ќе заврши на 12 ноември, а за претседател и потпретседател на Бугарија ќе заврши на 19 ноември 2021 година, во случај да има втор круг од претседателските избори.
За учество на парламентарните избори се пријавени 20 партии и седум коалиции, додека 24 партии, коалиции и иницијативни комисии имаат предложено кандидати за претседател и потпретседател, што е своевиден рекорд.
Централната изборна комисија на Бугарија ќе ги објави во „Службен весник“ регистрираните листи на кандидати, како и имињата на кандидатите за претседател и потпретседател на Бугарија.