Најмалку 250.000 хрватски граѓани се иселиле во странство во последните пет години, од кога Хрватска станала членка на ЕУ.

Според податоците на регистрирани граѓани со хрватско државјанство во канцелариите на Германија, Австрија и Ирска, држави кои се најчести дестинации на хрватските иселеници, одливот на население продолжува да расте и покрај отворањето на границите и растот на хрватската економија.

Според податоците од Германскиот завод за статистика, минатата година во Германија се пријавиле повеќе од 56.000 хравстки граѓани, најмногу по последните десет години.

Во Австрија пристигнале повеќе од 5.000 лица со хрватски пасоши, а во Ирска дупло повеќе. Само во овие три држави минатата година се доселиле повеќе од 65.000 Хрвати, просечно по 180 секој ден.

Во 2012, последната година пред влезот на Хрватска во ЕУ, во истите овие три држави се отселиле 4,5 пати помалу Хрвати, околу 14.300. Во Ирска во 2012 година се отселиле вкупно 86 граѓани со хрватски пасош, во Австрија 537, а во Германија, без сомнение најпопулнараната дестинација, се преселиле 7600.