Албанија е една од земјите со највисока стапка на апликации во програмата на Лотаријата на САД за иселенички визи (Зелена карта).

Тоа го потврдуваат објавените бројки од страна на Стејт департментот,кои јасно зборуваат за прилично горчлива реалност која е во постојан раст, посебно последните три години.

Во 2016 година помалку од 10 отсто од албанските граѓани се обиделе да ја напуштат земјата и да заминат преку океанот, процент кој станува се позагрижувачки.

Ако во 2016 година на американската лотарија за иселеничка виза аплицирале 246.129 албански граѓани, следната, 2017 година, тој број пораснал на 315.842.

Рекорден број е регистриран годинава,дури 367.231 апликации .

– Не треба да се заборави дека Албанија брои помалку од три милиони луѓе на нејзина територија и секако фактот што повеќе од 10 отсто од населението сака да ја напушти земјата е алармантно ѕвоно на прво место за владата на Еди Рама- констатира телевизијата Ора њус.