Вонредна состојба е прогласена во 12 српски општини по обилните дождови што погодија неколку делови од централните и јужните делови на земјата.

Од речните корите се излеани повеќе водни текови, поплавувајќи земјишта и села. Метеоролозите објаснуваат дека за една ноќ паднало дожд колку што вообичаено паѓа за еден месец.

Спасувачките екипи и тимовите за вонредни состојби се на терен, а на некои места ангажирана е и армијата.

Според најавите реката Сава ќе биде во пораст и ќе ја надмине границата на редовна одбрана кај Белград и кај Шабац, поради што издадено е хидролошко предупредување.

До среда ќе има зголемување на нивото на водата на реките Бјелица, Моравица, Скрапеж, Џетиња, Гружа како и во горните текови на Западна Морава и Ибар. Кај реките во Војводина се очекува нивото да расте до четврток.