Грчката Федерацијата на професори од државните средни училишта од утрово почна 24-часовен штрајк, за да го изразат нивното несогласување за промените на законите што ги предлага Министерството за образование за новиот систем за запишување на факултет.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, поради штрајкот на професорите, денеска се затворени средните училишта.

Од Федерацијата закажаа и протести во Солун и во Атина.