Лидерката на БСП и на бугарската опозиција, Корнелија Нинова, ја критикуваше Владата за појавата на чума кај животните

Поради опасноста од ширење на африканската чума кај домашните животни, Бугарската агенција за безбедност на храната презеде посебни мерки. На граничните премини со Грција ветеринарните служби ги дезинфицираат возилата што минуваат и го забрануваат увозот на храна што содржи свинско месо, пишува БНР.
Досега не се забележани случаи на транспорт на контаминирано месо со возила што поминуваа преку бугарско-грчката граница. Оваа болест не е опасна за луѓето, но може да се пренесе од нив преку прехранбени производи, посочи д-р Атанас Атанасов од Агенцијата за храна на Бугарија.
Доколку граничните власти откријат такви пратки, ќе ги запленуваат, потоа возилото ќе се дезинфицира, а сомнителното месо ќе се уништува со палење, објаснуваат од БСА.

Надлежните служби на граничните премини му делат и летоци на месното население, каде што се откриени случаи на заразени животни. Патниците се советуваат да не ги пренесуваат свинските преработки на храна. Контролата на бугарско-романската граница, исто така, се интензивира поради појава на свинска чума, која е регистрирана и во Романија.
Лидерката на БСП и на бугарската опозиција Корнелија Нинова ја критикуваше Владата за појавата на чума кај животните. Според социјалистите, компензацијата не може да ја врати вистинската штета не само на животните туку и на млекото и изгубените бенефиции.

Кристијан Вигенин од БСП, исто така, ја критикуваше одлуката на Владата велејќи дека некои од животните можеле да се спасат.
Според професорката Марија Пиргова, Владата не ги користи алатките што ги имаат заради спречување на ширењето на заразата кај свинскиот сточен фонд.
– Ние дури и не знаеме во што е проблемот – има или нема чума. Постои парламентарна чума со носење на многу договори во парламентот, а сведоци сме на трагедиите на чисто човечко ниво – рече Пиргова во студиото на бугарската телевизија.

Таа нагласи дека недостига вистинска комуникација меѓу државната власт и локалното население и затоа се случува никој никому да не му верува, а невладините организации веднаш да организираат протести и проблемот со заразата кај животните уште повеќе да се замаглува.
– Ние не сме свесни за тоа што се случува во општество. Стилот на владеење е таков – да се подигнат локални проблеми на највисоко ниво. Зошто беа отпуштени луѓето што се занимаваа со спроведување европски проекти во земјоделството – праша Пиргова.