Фото: Илустрација

На товарен брод во Грција запленети се 1,25 тони канабис.

Како што објавија грчките медиуми, бродот пловел од Либан, а бил запленет на грчкото пристаниште Пиреја.

Вкупно 6.340 пакувања канабис биле пронајдени на бродот кој превезувал засладувачи на база на овошје.

Акцијата беше спроведена пред една недела во соработка со американските и саудиските власти, соопшти грчката полиција.