Поради застојот на изградбата на станови во Љубљана, цената за стари станови надминува 3.000 евра за квадратен метар

Словенија, Црна Гора и Косово ги заоструваат мерките за заштита против ширењето на коронавирусот, по зголемениот број новозаболени лица. Бројот на хоспитализираните поради коронавирусот во Словенија е во брз пораст, а главна причина е недоволната вакцинираност кај постарите од 50 години, како и фактот дека доминантната делта-варијанта на вирусот носи и двојно поголем ризик од хоспитализацијата, изјави за медиумите во понеделникот инфектологот Татјана Лејко Зупанец.

– Само до пред некое време имавме стабилна ситуација, а сега, за жал, остар раст и се подготвуваме за отворање нови оддели – изјави Зупанец, која е директорка на Клиниката за заразни болести при љубљанскиот универзитетски клинички центар.
Поради влошувањето на епидемиолошката состојба, Владата на Црна Гора предвидува нови мерки што треба да стапат во сила на 10 септември.

Заострувањето на мерките, како што рекоа од Владата, подразбира интензивирање на комуникациските активности, воведување одредени ограничувања и зајакнување на активностите на сите надлежни тела и институции во спроведувањето на надзорот.
Премиерот на Косово, Албин Курти, најави нови мерки поради новиот раст на новозаболени од ковид-19. Новите мерки за спречување на ширењето на вирусот стапуваат во сила од денеска, а ќе траат до 13 септември. Курти најави полициски час во периодот од 22 часот до 5 наутро, а почетокот на учебната година е одложен за 13 септември. На територијата на Косово вчера починаа 36 лица.