Последниве денови во Македонија се актуелни најавите за менување на законската регулатива за работење на обложувачниците, што дополнително ја бранува јавноста. И додека кај нас се ставаат на кантар добрите и лошите страни на законот, интересна вест доаѓа од Босна и Херцеговина.

Имено, тамошните медиуми на големо пишуваат дека обложувачкото лоби наводно длабоко се инволвирало во постапката за донесување на (?!) изборниот закон во нивната држава. Сараевските медиуми дури одат понатаму, па спомнуваат конкретни имиња и релации кои укажуваат дека целата опоерација оди преку Вашингтон и влијателните кругови во Сенатот. За да се дојде до нив, споредс истиот извор, ангажирана е досега непознатата невладина организација „Bosnia & Herzegovina Democracy Initiative” (БХДИ), која пак, ги изнајмила услугите на две лобистички куќи од Вашингтон.

За таа цел, БХДИ веќе изготвиле и два извештаја со конкретнби предлози за измените на изборното законодавствоп на БИХ. Притоа весникот констатира дека предлозите во целост кореспондираат со ставовите на Хрватскиот народен сабор, платформата што ги обединува сите тамошни партии со хрватски предзнак, а во која главен збор има ХДЗ за БИХ и нејзиниот претседател Драган Човиќ.

Суштината на приказната, според сараевските извори, е дека сопствениците на обложувачниците сега му ја враќаат услугата на Човиќ и на ХДЗ поради ионевозможувањето на изм,енмата на тамошмиот Закон за игри на среќа, односно воведувањето дополнителни давачки. Во Босна добивките до 100 ковертибични марки (50 евра) не се оданочуваат благодарение на оваа партија.

Сега, кога се обелоденија уплатите до БХДИ од 540.514 и 17.240 евра, станува јасно дека тие се направени од сметката на две хрватски ИТ компании, за кои се укажува дека се во сопственост на Јерко Шариќ од Подстрана, подобро познат во хрватската јавност по косопствебноста на една од најголемите обложувачници „Хеттрик-ПСК“. Дури се тврди дека тој го проширил обложувачкиот бизнис и во БИХ и дека добро му оди.

Самиот Шариќ вешто ги избегнува новинарите од Хрватска и од БИХ и не дава конкретни одговори на многуте прашања што му ги поставуваат, што дополнително ја скокотка јавноста.