Српското Министерството за одбрана потврди дека загинале двајцата пилоти при уривањето на авионот „миг-21“, за време на воена вежба.

Надлежните го посетија местото на трагедијата и разговараа со очевидци. Од министерството соопштија дека авионот бил прегледан во согласност со сите процедури, а по увидот утврдено е дека е исправен и подготвен за лет.

Началникот на Генералштабот формира Комисија за итни истраги и експертска комисија за утврдување на причините за падот на авионот.

Телеграми на сочувство до семејствата на загинатите пилоти испратија претседателот на Србија, Александар Вучиќ, министерот за одбрана, Александар Вулин и началникот на Генералштабот, генерал Милан Мојсиловиќ.

Жителка на областа каде што се урнал авионот изјавила дека била дома кога слушнала силен звук, поради што ја напуштила куќата и го видела авионот како лета многу ниско.

– Нешто одекна, излегов од куќата, авионот леташе толку ниско што за малку ќе ги потфатеше куќите и шумата – објаснила таа.

Aвионот на српската војска се урна утрово во околината на Лозница. Првичните информации беа дека еден пилот загинал, а по другиот, кој се капитулирал, се уште се трага. Сепак, попладнево пристигнала информација дека и другиот пилот починал во несреќата.