Српскиот претседател Александар Вучиќ ја заврши средбата со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и се враќа во Белград, јави Танјуг.

Вучиќ си заминал од зградата каде што се наоѓа седиштето на европската служба за надворешни работи во Брисел и веднаш се упатил кон аеродром од каде ќе отпатува за Белград.

Состанокот на Вучиќ со Могерини траел повеќе од еден час.

Српскиот претседател до вечер нема да и се обраќа на јавноста, а се уште не донел ниту одлука дали ќе се откаже од посетата на Косово, поради, како што кажа директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ,  „сите измами, закани и лаги на косовските Албанци“.

Приштинската делегација се уште е во седиштето на европската дипломатија.