На плажа кај хотелот „Риксос Либертас“ во Дубровник, подигнато е црвено знаме кое предупредува на забрана за капење во морето.

Граѓаните се жалеле дека морето е многу нечисто и мириса непријатно, па се претпоставува дека забраната е воведена поради загадување и опасност од капење, пренесе порталот „Дубровник.нет“.

Како што се наведува, ова не е првпат на оваа плажа да биде подигнато црвено знаме. Тоа се случувало и порано и тоа во екот на туристичката сезона.