Обиди да се копира оригиналното и да се преземе некаква содржина од настаните во Франција деновиве имаше и во земјите од Балканот. Во Црна Гора на протестот на опозициската партија Демократски фронт луѓето носеа жолти елеци. Со овој „моден додаток“ се појавија и пратеници во српското собрание, а и во Хрватска имаше демонстранти во препознатливи жолти елеци…

За разлика од Франција, да се протестира во земјите од регионот е поинаку, затоа што, без разлика колку некои протести се масовни или видливи, на Балканот властите се отрпнати од протестите, кои постојано за некој и нешто се рециклираат. Властите не чувствуваат никаква потреба да променат што било, следејќи го однесувањето на незадоволните луѓе, објаснува Драган Попадиќ, социјален психолог од Белград. Обиди да се копира оригиналното и да се преземе нешто од настаните и протестите во Франција, деновиве имаше и во земјите од Балканот. Во Црна Гора на протестот на опозициската партија Демократски фронт луѓето носеа жолти елеци. Со овој „моден додаток“ се појавија и пратеници во српското собрание, а во Хрватска еден демонстрант беше облечен во жолто, протестирајќи на поставување споменик на Фрањо Туѓман.

Идејата за носење жолти елеци во земјите од регионот ја презема секој на свој начин

Минатата година имаше протести во Србија со кои беа блокирани сообраќајниците поради високите цени на бензинот. Студентите протестираа за зголемување на станарината и школарината. Колку овие протести кај нас ќе продолжат да бидат популарни и ќе можат да променат нешто зависи од тоа каква ќе биде судбината на протестот во Франција. Сепак, проблемите во регионот се поинакви и се јавуваат некои иницијативи за ваков вид протестирање, но тие треба да имаат смисла. Некои опозиционери се појавија со жолти елеци во Собранието на Србија, но тоа имаше различен одѕив.

Приказната за протестите во Србија е стара со децении, уште од времето на Слободан Милошевиќ. Овде се отвора прашањето кога се донесува некоја недемократска одлука на штета на граѓаните дали протестите се единствен начин нешто да се промени.

Вакви протести се јавуваат, па исчезнуваат, некои траат кратко, некои подолго време. Некогаш успесите се краткотрајни и луѓето потоа се колебаат дали воопшто има смисла идејата да се протестира.

– Се чини дека секој протест во Западна Европа што е масовен и видлив ги вознемирува другите граѓани, па и власта. Тие укажуваат дека нешто не е добро и се очекува проблемите да се решаваат низ институциите. Во нашата ситуација е поинаку, затоа што, без разлика колку се некои протести масовни или видливи, тоа не ги загрижува оние против кои се насочени протестите. Тие не чувствуваат никаква потреба да променат што било, следејќи го однесувањето на незадоволните луѓе. И затоа имаме изјава на претседател, кој вели дека и да излезат пет милиони луѓе на протести, за него апсолутно не значи ништо – вели Драган Попадиќ.

Проблемот е што и граѓаните го забележуваат тоа. Затоа протестите се гледаат како еден голем непотребен трошок на енергија, кој нема да донесе ништо ново. Кога самата видливост на протестите би била доволен сигнал за власта да промени нешто во економската сфера или во друга област, тогаш протестите би биле почести и помирни. Нема да постои опасност од предизвикување инциденти, насилство или провокации од една или друга страна.

– Протестите, во принцип, треба да бидат еден легитимен канал за искажување незадоволство, предупредување за лошите решенија и за незадоволните граѓани, и тоа е доволно за да се преземе акција за да се промени состојбата – објаснува Драган Попадиќ.

Но ако тоа не е доволно, се зголемуваат тензиите меѓу незадоволните граѓани и незаинтересираната власт. Во регионот состојбата е еднакво тешка, но протестите никогаш не избиваат, затоа што состојбата се перципира како тешка, туку затоа што се смета дека е неоправдано тоа што се трпи. Значи, луѓето имаат мали плати и тешко живеат, но за тоа се одговорни оние другите, оние што се преку границата, или тоа е целиот свет, опозицијата, предавниците. Затоа и не постои причина за протест, граѓаните трпат или евентуално се бесни на оние за кои сметаат дека се виновни за таквата состојба.