Србија

Србија започна со поставување жичена ограда на границата со Македонија во близината на Прешево, што треба да спречи евентуални масовни нелегални гранични премини, потврдија за Радио Слободна Европа претставници на локалната самоуправа во Прешево.
Шиприм Арифи, претседател на Општина Прешево на југот на Србија, на 380 километри оддалечен од Белград, рече дека изградбата на жичената ограда е дел од договорот со Европската Унија.

– Сметаме дека оградата е во функција на дополнително обезбедување на границите на државите надвор од ЕУ од бегалците – рече Ариф
Министерството за внатрешни работи на Србија не одговори на прашањата на РСЕ за жичената ограда. Србија е на таканаречената балканска маршрута, преку која мигрантите и бегалците се обидуваат да стигнат до земјите на ЕУ. Според податоците, објавени од српскиот Комесаријат за бегалци на 20 јуни, во Србија има околу 4.800 лица во 18 центри за азил и прием.