Тим од Европската унија денеска пристигна во тридневна посета на Косово, за да утврди дали земјата ги исполнува критериумите за визна либерализација за косовските граѓани при патување во ЕУ, јави косовската телевизија РТК.

Косовската министерка за европски интеграции Дурата Хоџа изјави дека Косово направило се што е потребно и изрази уверување дека нејзината земја ќе добие позитивна оценка на крајот од посетата на тимот.

– Нашиот единствен пат кон интеграција е нулта толеранција за криминалот и корупцијата на сите нивоа. Веруваме дека напорите и напредокот на институциите ќе бидат оценети позитивно, рече Хоџа.