Не е на Европската комисија да зборува за Законот за слобода на вероисповед туку секоја земја треба да осмисли сопствен систем во тој дел, рече еврокомесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархели, по средбата со црногорскиот премиер Душко Марковиќ во Подгорица, пренесува „Спутник“.

– Единствениот совет што можам да ви го дадам, а денес ќе се сретнам и со митрополитот Амфилохиј, е следниот: светот ве набљудува зашто ова е важно прашање за сите и заинтересирани сме за дијалог. Јас ги охрабрувам сите на дијалог и на изнаоѓање решение што ќе биде прифатливо за сите. Мислам дека тука не можеме да ви помогнеме, но тука сме. Приоритет е да се најде решение за тоа прашање  – порача Вархели.

Вархели, освен со Марковиќ, ќе се сретне и со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, како и со претставници на политичките партии, објавија претходно од Европската Комисија.