Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска ја посети Света Софија, откако пред неколку дена потпиша указ со кој обележјето стана џамија.

Ердоган на својот профил на Инстаграм сподели фотографии од посетата.

– Аја Софија ќе биде отворена за муслиманите, христијаните и странските државјани, но Турција го искористи своето суверено право да ја прогласи за џамија и секоја критика на оваа одлука ќе се смета за напад врз нејзината независност – рече Ердоган во неодамнешното јавно обраќање.