Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција нема да се повлече поради заканите од санкции или упади во територијата.

Тврди дека територијата во Средоземното море е на неговата земја, иако има несогласувања со Грција.

– Никогаш нема да дозволиме грабеж на нашиот појас – рече Ердоган, додавајќи дека Турција нема да се повлече поради санкции и закани, пренесе „Ројтерс“.

Турскиот истражувачки брод „Оруч Реис“ ќе го продолжи истражувањето до 23 август, нагласи Ердоган.