Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, активностите на земјите што се против Турција и Средоземјето ги оцени како пиратски.

Во тоа подрачје едностраните турски истражувања за наоѓалишта на нафта и гас предизвикаа силни тензии.

– Ако ѝ попуштиме на пиратеријата по ова прашање, каде што целосно сме во право, нема да можеме да одговориме на идните генерации – изјавил Ердоган.

– Не можеме да им ја оставиме на нашите деца земјата неспособна да ги брани сопствените интереси, без верба во себе – додал Ердоган.

Овие изјави следуваат во екот на тензиите во источното Средоземје. Анкара предизвика бес кај Грција распоредувајќи брод за истражување нафта во зоната на која Атина полага права.